Нашата визија е користејќи го сопственото искуство и потенцијал, постојано да обезбедуваме уште подобри услуги за здравствениот сектор и да се позиционираме како лидери во нашата индустрија.
ЗА НАС
Компанијата е oснована во 1994 година и речиси 30 години успешно работи на пазарот. Денес, со своето искуство нуди врвни медицински услуги и решенија кои се во согласност со меѓународните стандарди за работа со медицинска опрема и дава брзи и сигурни одговори според потребите на пациентите, обезбедувајќи им поквалитетен живот. Основната дејност на компанијата е обезбедување на сите медицински апарати, помагала и опрема, како и медицински потрошен материјал за потребите на сите јавни и приватни здравствени установи во државата. БИО МЕДИКА располага со високостручен тим од 10 вработени кои постојано го надградуваат своето знаење и тие се обучени од страна на светски познатите производители, односно компании со кои соработуваме. Во портфолиото на БИО МЕДИКА се вбројуваат голем број светски познати и реномирани брендови, како: Abbott, Sarstedt, Storz Medical, Heinemann, Tristel, Medax, MHK Medikal, Miele, PARI, Dimeda, Soluscope и други. Со долгогодишното искуство и успешна работа на компанијата, БИО МЕДИКА денес е еден од лидерите на пазарот и ужива доверба кај клиентите и кај соработниците.
Нашата мисија
Со максимална посветеност и извонредност на услугата што ја нудиме, да им обезбедиме на установите, односно на пациентите, квалитетна нега по светски стандарди што ги надминуваат очекувањата.
Нашата визија
Нашата визија е користејќи го сопственото искуство и потенцијал, постојано да обезбедуваме уште подобри услуги за здравствениот сектор и да се позиционираме како лидери во нашата индустрија.