Наши услуги

Миење и дезинфекција

Средства за високо ниво на дезинфекција на простории, не-луменски и едно луменски инструменти

Tristel

Tristel – компанија чија дејност е спречување на инфекции и целта на нашиот бизнис е да го спречи преносот на микроби од еден објект или личност на друг. Ние сме една од малкуте компании во светот кои можат легитимно да тврдат дека нивната дејност е исклучиво спречување на инфекции. Нашата мисија е најважна за болниците, каде што ризиците од инфекција за поединци се највисоки. Имаме две клучни области на фокус во болницата:  дезинфекцијата на медицинските уреди на високо ниво и спороцидна дезинфекција на околните површини. Ја постигнуваме нашата мисија со примена на многу моќна биоцидна хемија – хлор диоксид – на целната околна површина или медицински уред. Хлор диоксидот (ClO2) е биоцид со широк спектар со докажана ефикасност против низа микробни организми како што се бактерии, вируси, протозои, квасци, микобактерии и бактериски спори. Првично користен во индустриите за третман на вода и храна, хлор диоксидот сега е усвоен како средство за дезинфекција на високо ниво во медицински, фармацевтски, ветеринарни и лабораториски услови.

Дознај повеќе

Машини за перење, сушење и пеглање на болнички веш

Miele

Апаратите се развиени од страна на инженерите на Miele кои, во голема мера, ги произведуваат внимателно избраните компоненти во сопствени експертски центри во Германија и Европа. Како бренд број 1 обрнуваме внимание на секој детаљ и ги вложуваме сите напори да создадеме и најмали подобрувања на производите. Ова значи дека сме способни да го произведеме производот со најдолг животен век и 100 % квалитет ‒ нешто што не го има ниеден друг во нашиот сектор. Miele Professional се концентрира на производството на машини за садови, перални, стоматолошка и медицинска технологија. Каде и да се потребни иновативни производи од висок ранг, со извонредни перформанси за чистење и високи хигиенски побарувања, Miele Professional  со својот квалитет, енергетска ефикасност, ергономија на производите, перформансите и грижата за корисниците е вистинскиот избор.

Дознај повеќе

Машини за миење и дезинфекција на ендоскопи

SoulScope

Меѓу водачите во термочувствителнaта ендоскопска хигиена, Soluscope го дизајнира и произведува комплетното решение за репроцесирање на флексибилни ендоскопи.  Soluscope развива 25-годишна експертиза во комбинација со вистинско разбирање на медицинските процеси и стандарди. Soluscope отсекогаш бил фокусиран на потребите на корисниците и постојано се стреми кон иновации, со цел да се обезбеди безбедност на пациентите и на корисниците. Одделот за истражување и развој на Soluscope е високо одговорна единица и прави постојани напори да се подобрува континуирано, се фокусира на предлагање на најдобри, најсовремени технологии во безбедна и контролирана средина. Со обезбедување на производи со високо технолошко ниво и оптимален квалитет, Soluscope ја докажува својата посветеност кон задоволување на потребите на клиентите. Работејќи со мултидисциплинарен тим, Soluscope има корист од мрежата на експерти од Еколаб, овозможувајќи му да се развие и да достави напредни, најсовремени решенија и производи.

Дознај повеќе