Коронарна и ендоваскуларна интервентна кардиологија
Здравиот срцев и циркулаторен систем се од суштинско значење за доброто здравје. Затоа, во Abbott ги вложуваме нашите срца во напредни третмани за луѓе со кардиоваскуларни заболувања. Се фокусираме на иновативни технологии кои можат да го подобрат начинот на кој болничарите ги третираат луѓето со васкуларни заболувања, неправилни отчукувања на срцето, болести на срцевите валвули и други структури. Посетете ја www.cardiovascular.abbott за повеќе информации за технологии и решенија за лекување на кардиоваскуларни состојби.
Дознај повеќе
Стерилни хируршки сетови, мантили и прекривки за еднократна употреба
MHK Medical Textile Ltd. дизајнира и снабдува хируршки наметки за еднократна употреба, хируршки прекривки и хируршки сетови, CSSD стерилизирани прекривки за опрема и има многу тесна соработка со локалните дистрибутери и клиничари. Стопроцентниот капацитет на производството ни овозможува да дизајнираме нова генерација на производи за подобрување на ефикасноста во оперативните сали, специјално да го развиеме целосниот спектар на производи соодветни за секој поединечен пазар. MHK Medical Textile Ltd. има затворена производствена фабрика со површина од 8.000 м2, која е сертифицирана според ISO, CE и SGH стандардите. Благодарение на беспрекорниот распоред на производствената линија и најновите технолошки машини, се гордееме со најголемиот производствен капацитет меѓу другите турски производители, кој може да се зголеми со воведување на дополнителни смени.
Дознај повеќе
Пиштоли и игли за биопсија
Од 2000-та година па наваму, MEDAX е фокусиран на развивање и производство на уреди за биопсија, интервенционални и специјални игли согласно побарувачката на пазарот. Во последните 18 години е фокусиран на развојот на минимално инвазивни хируршки игли и уреди, главно во областа на биопсијата. Во денешно време, нашето искуство ни овозможува да понудиме целосен каталог и широка линија на уреди за биопсија и специјални игли кои ја наоѓаат својата примена главно во областите на радиологијата, интервентната радиологија, онкологијата, хематологијата. Системот за управување со квалитетот на MEDAX е сертифициран според стандардите ISO13485:2016, во согласност со барањата на медицинската директива за еднократна употреба 93/42/CEE и нејзините релевантни новости. Сите производи се подложени на интензивно клиничко тестирање и се CE и FDA одобрени.
Дознај повеќе
Повеќе од 40 години, DIMEDA е светски провајдер на медицинска технологија со врвен квалитет. Имаме тесна соработка со хирурзите од соодветните специјализирани области за да ја развиеме нашата медицинска технологија, и затоа ги разбираме индивидуалните потреби на нашите клиенти. Асортиманот на производи DIMEDA ги опфаќа сите области на хирургија, од општ инструментариум до микрохируршки инструменти и инструменти за високофреквентна хирургија. Инструментите од DIMEDA се произведуваат во согласност со највисоките стандарди за квалитет. Извонредната функционалност и долговечност се обележјата на хируршките инструменти од DIMEDA. Хируршките техники бараат највисок степен на прецизност. Благодарение на нивното едноставно и флексибилно ракување, нашите производи ги поддржуваат вашите перформанси. Ние нудиме различни дизајни на повеќе од 23.000 стандардни инструменти. Хируршките инструменти на DIMEDA обезбедуваат иновативни технологии во сите хируршки полиња: општа хирургија, коскена хирургија, неврохирургија, пластична хирургија, орална хирургија, кардиоваскуларна и васкуларна хирургија, како и електрохирургија и ендоскопија.
Дознај повеќе
Во сегментот на уреди за инхалација, PARI е долгогодишен доверлив бренд за лекарите, фармацевтите и пациентите. Континуираниот развој на производите и постојаниот раст му овозможуваат да го прошири своето лидерство на пазарот во Германија. PARI нуди специјално оптимизирани уреди и решенија за инхалација при белодробни, бронхијални и назофарингеални болести. Широкото портфолио се користи за да им се обезбеди сеопфатна нега на пациентите, почнувајќи од дијагноза и третман, па сѐ до следење. Мисијата на ПАРИ е да ги подобри животите на оние што се погодени од респираторни болести и на оние кои обезбедуваат грижа на пациентите.
Бидејќи само терапијата спроведена правилно во текот на долг период дава успешен исход, квалитетот отсекогаш бил наш главен приоритет: издржлива и сигурна функционалност, придружена со безбедна хигиена.
Имаме два главни стратешки пристапи кон истражување и развој: подобрен начин на употреба благодарение на брзите вдишувања и мобилност на производите и лесно ракување, чија цел е минимизирање на напорите за пациентите.
Покрај тоа, PARI развива интегрирани тераписки решенија за хронични респираторни заболувања, кои покриваат сѐ: од дијагноза, терапија за инхалација и респираторна физиотерапија, до понатамошно следење на здравјето.
Дознај повеќе
Heinemann Medizintechnik ‒ еден од водечките снабдувачи на ENT медицинска технологија. Освен што е производител на висококвалитетни единици за третман на ENT, претставува компетентен продажен партнер за сите ENT опреми во болници и приватни практики. Линијата на производи опфаќа ENT единици, микроскопи, медицински столови, оптика, светло, додатоци за производите и слично.
Дознај повеќе
Апарати за shock wave литотрипсија и терапија
STORZ MEDICAL AG е производител на медицинска технологија и развива иновативни системи за шок-бранови и уреди за шок бранови со највисока прецизност. Нашите медицински производи веќе се добро докажани во урологијата. Придобивките од неинвазивната технологија се проширени и на други медицински дисциплини. На овој начин, STORZ MEDICAL поставува нови стандарди во процедури за третман со технички иновации: екстракорпорална литотрипсија на шок-бранови (SWL) во урологијата, екстракорпорална терапија со шок-бранови (ESWT) – фокусирана или радијална – во ортопедијата, ревматологијата, рехабилитацијата, заздравувањето на рани, еректилната дисфункција и ветеринарната медицина, екстракорпоралната магнетотрансдукциска терапија (EMTT) во ортопедијата, транскранијалната импулсна стимулација (ТПС) во неврологијата за третман на Алцхајмерова деменција и слично.
Дознај повеќе